Компанијата на Илон Маск се подготвува за тестирање на микрочипови на луѓе

Точка

21/01/2022

15:59

41.898

Големина на фонт

а а а

"Neuralink" објавила огласи за работа во кои бара директори и координатори за клинички испитувања.

Компанијата "Neuralink", која е во сопственост на најбогатиот човек на светот Илон Маск, се подготвува за тестирање на микрочипови на луѓе. Станува збор за микрочипови наменети за човековиот мозок.

"Neuralink" е основана во 2016-та година со цел развој на технологија која на целосно парализирани луѓе ќе им овозможи да управуваат со мислите, односно да користат на пример мобилни телефони, и тоа побрзо од оние кои не се парализирани.

Споменатата компанија, чие седиште е во Силиконската долина, веќе успешно вградила микрочипови во мозок на мајмун и свиња. Сега се подготвува за тестирање на овие чипови кај луѓе.


"Neuralink" неодамна објавил огласи за работа во кои бара директори и координатори за клинички испитувања на луѓе, што е показател дека долгогодишната цел на компанијата да вгради чипови во мозоците на луѓето е се поблиску.

Од компанијата рекле дека оние кои ќе учествуваат во тестирањето ќе соработуваат со некои од најиновативните и врвни инженери. Маск, чие богатство се проценува на околу 256 милијарди долари, минатиот месец рекол дека е оптимистичен дека овие чипови би можеле да им помогнат на тешко парализирани лице.


Тој се надева дека американската Управа за храна и лекови ќе ја одобри употребата на овие чипови.

Меѓутоа, како што пишува британскиот весник "Guardian", овој милијардер, има долга историја на големи ветувања кои се однесуваат на оваа компанија. Пред три години сметал дека првите импланти во главата на човекот ќе бидат вградени во 2020-та година. Меѓу другото, укажал дека импантите и безжично ќе се полнат.

Во "Neuralink" минатата година објавиле видео на кое се гледа мајмун како со помош на вграден чип ја игра видео играта "Понг". Играта ја играл исклучиво користејќи ги својот мозок



Спонзорирани линкови

Маркетинг