Ова се најпопуларните светски туристички дестинации за 2022, „Tripadvisor“: „Модерен град кој има сè“

Точка

21/01/2022

10:12

56.931

Големина на фонт

а а а

„Tripadvisor“ ја претстави листата од 10 најпопуларни дестинации на светот за годинава, а на првото место се најде градот кој во последниве години привлекува сè повеќе внимание меѓу туристите.

Платформата за патување штотуку ги објави „Travelers' Choice Awards for 2022“.

На првото место се најде Дубаи, а како што велат од „Tripadvisor“ рибарското село од 20-ти век кое „процветало“ во 21-от век и прераснало во глобално жариште за врвни патувања, денес е најпопуларната светска дестинација за годинава.

Дубаи не е единствената азиска дестинација, а може да се забележи дека на листата доминираат европските градови, како и тропските и пустински места.

Зошто баш Дубаи?

„Секогаш популарно место, Дубаи полека се искачува на топ-листите на најпосетени градови, а сега во 2022 година ја зеде круната на најпопуларна дестинација на светот“, изјавил Џастин Рид од „Tripadvisor“.

„Дубаи е модерен град кој има сè: прекрасни плажи, ресторани од светска класа и прекрасни хотели. Поради тоа што овие награди се доделуваат врз основа на рецензијата на местата за обиколување, престојувањето и работите кои треба да ги направите на одредена дестинација, така се рангира „најдобриот град во светот“, а тоа значи дека дестинацијата добила одлични рецензии од патниците во сите туристички сектори“, изјавил Рид.

„Без оглед на ефектот од пандемијата, Дубаи и натаму привлекува посетители од сите делови на планетата и се истакнува како омилено место за патниците кои сакаат возбуда“, изјавил тој.

Ова е листата на градови:

1. Дубаи (Обединети Арапски Емирати)


2. Лондон (Велика Британија)


3. Канкун (Мексико)


4. Бали (Индонезија)


5. Крит (Грција)


6. Рим (Италија)


7. Кабо Сан Лукас (Мексико)


8. Истанбул (Турција)


9. Париз (Франција)


10. Хургада (Египет)




Спонзорирани линкови

Маркетинг