Убавецот од серијата „Сексот и градот“ влезе во шестата деценија од животот, а изгледа подбро од кога и да е

Кармин

21/01/2022

21:55

17.461

Големина на фонт

а а а

Џејсон Луис се прослави со улогата во серијата „Сексот и градот“, иако тој не се појавува во новата сезона од популарната серија, сепак фотографиите од актерот во шестата деценија од животот се навистина импресивни.

Австралискиот актер и поранешен модел, Џејсон Луис (50), ги восхитуваше жените во култната серија „Сексот и градот“ и беше единственото сериозно момче на Саманта Џоунс.

Поради тоа што Ким Катрал, за жал, не се појавува во новата сезона од серијата, така нема да имаме можност да го видиме ниту овој синоок шармер на малите екрани.

Актерот открил дека не добил ниту повик по повод снимањето на новата сезона.

Но, и 12 години откако последен пат го гледавме во улогата на Смит, Џeјсон и натаму е во неверојатна форма и изгледа подобро од кога и да е, но за жал на голем број на обожавателките, тој веќе шест години е во врска со преубавата актерка Лиз Гудвин.

Освен во „Сексот и градот“, Џејсон имавме прилика да го гледаме и во други познати серии, но во епизодни улоги.

Тој поради улогата на Смит не жали, а вечната популарност на култната серија не го изненадува.

„Мислам дека првата причина за тоа е тоа што во насловот има секс, а освен тоа добро е напишана и зборува за нешто што сите сме го искусиле и истовремено е смешна, сензационална и забавна за гледачите. Во секоја епизода има нешто што ќе ти го допре срцето“, раскажал актерот во некое интервју.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk