Фитнес инструкторка покажала колку она што го гледаме на социјалните мрежи е искривена слика на реалноста

Кармин

18/01/2022

18:34

13.083

Големина на фонт

а а а

Фитнес инструкторката Стефана Авара објавила видео на ТикТок во кое покажала како изгледот на телото може да биде поинаков на социјалните мрежи.

Секојдневно на Инстаграм и другите социјални мрежи гледаме објави од манекенки и инфлуенсерки кои изгледаат совршено, а токму таквите објави можат да направат да се чувствуваме несигурно кога станува збор за нашето тело.

Авара во неколку снимки кои траат по неколку секунди покажала дека она што го гледаме на интернет во повеќето случаи всушност не е реално. Таа покажала дека дури и оние девојки кои имаат истренирано тело не секогаш изгледаат совршено, како што може да изгледа на фотографиите кои тие ги објавуваат.

Фитнес инструкторката покажала како различните начини на позирање можат во целост да ја променат нејзината фигура, а исто така ја снимила и текстурата на нејзиното лице која, секако, делува реално за разлика од ретушираните фотографии со кои се преплавени социјалните мрежи.

Видеото има повеќе од 1 милион лајкови, а многу девојки ѝ се заблагодариле на Авара што ја покажала вистината:

„Немаш поим колку те ценам и колку ми беше потребно ова. Ти благодарам“, „Изгледаш прекрасно“, „Ти благодарам кралице, прекрасна си во секој момент“, се дел од коментарите под видеото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk