Ирина Шајк уште еднаш покажа како добро стилизирана жена треба да изгледа – овој капут е сè што ви треба

Кармин

12/01/2022

20:05

11.097

Големина на фонт

а а а

Студените денови се тука, но тоа не значи дека мора да се откажеме од модните парчиња кои се во тренд.

Сезонава дизајнерите се потрудиле да направат гардероба која е удобна, која грее, но и која изгледа шик.

Дека зимските стајлинзи можат да бидат феноменални ни покажа манекенката Ирина Шајк – уште еднаш.


Таа на улиците во Њујорк прошетала во модно парче кое треба да се најде во гардероберот на секоја жена која има стил, велат модните експерти.

Станува збор за кожен, предимензиониран модел на капут во кој со сигурност ќе ви биде удобно.


Од есенската сезона предимензионираните кожни парчиња се вратија во мода, а со оглед на тоа што дамите биле воодушевени од тој стил, дизајнерите креирале и зимски јакни од истиот тој материјал.

Тие одлично се вклопуваат во секаков стил, а можат да се носат речиси за сите прилики – од лежерни, до оние малку посвечени.


Дефинитивно тоа е модното парче во кое вреди да вложите пари.

Дали ви се допаѓа овој модел на капут?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk