Точка ТВ анкета: „Фали народ“, „Украсувањето не ме воодушевува“, „Фали новогодишен панаѓур“ - еве што велат скопјани за новогодишната еуфорија

Точка

24/12/2021

23:18

20.176

Големина на фонт

а а а

Само неколку дена пред официјално да ја испратиме 2021-ва година, екипата на Точка прошета низ центарот на главниот град, каде што и впрочем секогаш се случуваат главните новогодишни активности.

Очекувавме да сретнеме река од граѓани кои меѓусебно ја споделуваат новогодишната магија и одбројуваат до најлудата ноќ, пиејќи греено вино, купувајќи новогодишни честитки, фотографирајќи се со скопскиот Дедо Мраз.

Но, атмосферата на плоштадот Македонија е далеку од празнична. Иако има новогодишна елка, неколку осветлени предмети и по некоја дрвена куќарка - скопјани не побрзале да видат како е украсен Плоштадот Македонија. Се сеќаваме дека години наназад овој период од годината плоштадот беше преполн со детски џагор, светилки, музика, а главна атракција беше новогодишниот базар.

Веројатно оваа година тажно ќе ја испратиме, или, барем, без некоја посебна еуфорија, каква што доликува за месец декември, непосредно пред новогодишните и божиќните празници.

За среќа, успеавме да сретнеме барем неколку скопјани кои пред објективот на Точка искрено зборуваа за тоа дали се чувствува новогодишна еуфорија и што е она што им недостасува во споредба со минатите години - анкетата погледнете ја во видеото.

А, вам, драга наша публико, екипата на Точка ви посакува да го разбудите детето во себе и да најдете причина за радост во најубавиот период од годината. 

Новинар: Цеце Николова / Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk