Можеби звучи необично, но твојот стар електронски уред може да игра голема улога во борбата за подобра и почиста планета.
Електронскиот отпад е глобален еколошки проблем. Тоj предизвикува дополнителна загриженост за загадувањето на воздухот, водата, почвата и, секако, за твоето сопствено здравје. Токсините што се содржани во електронскиот отпад треба правилно да се отстранат бидејќи може да навлезат во почвата и во водата и дополнително да предизвикаат последици од енормни размери.
Истовремено, вреди да се напомене дека еден мобилен телефон во него содржи различни благородни метали, бакар и пластика. Рециклирањето или повторното користење на мобилните телефони и електронските уреди не само што ги зачувува овие материјали, туку и ги намалува емисиите на гасови што се случуваат за време на производството и при екстракција и обработка на одредени материјали.
Стариот телефон, оној што дома ти стои во фиока или, пак, фаќа прашина на некоја полица, сега може да придонесе во борбата за подобро утре.
Како може да придонесеш во битката за поздрава иднина?
Едноставно, твојот стар уред треба правилно да се рециклира!
Ослободи се од твојот стар мобилен телефон или друг електронски уред, однеси го во најблискиот салон на А1 и побарај го специјално означеното место за рециклирање.
За возврат ќе добиеш еко-торба како подарок со која дополнително ќе придонесеш за зачувување на природата.

Како правилно да го подготвиш телефонот пред рециклирање?
1. Најпрво, убаво исчисти/дезинфицирај го твојот уред.
2. Биди сигурен дека сите твои податоци се целосно отстранети и зачувани на друг уред.
3. Ресетирај го и исклучи го твојот уред.
4. Отстрани ги дополнителните картички што се вметнати во уредот (SIM, SD card...).
5. Упати се во најблискиот салон на А1 и остави го твојот уред на местото означено за рециклирање.
Подигни го твојот подарок – еко-торба и чувствувај се гордо за придонесот во борбата за подобра, почиста и поздрава иднина.
Позелен, почист свет е можен и тој навистина почнува од тебе, почнувајќи од денес.











