Кога точно треба да ја накитиме елката? Експертите откриваат кое време е идеално

Кармин

07/12/2021

15:38

11.299

Големина на фонт

а а а

Иако не постои точен датум или временски рок за китење елка, експертите имаат неколку совети кои можат да ви помогнат во носење на одлуката.

Традиционално, елката не се поставувала и украсувала пред 31-ви декември, но многумина ја украсуваат 12 дена пред Нова година, додека некаде таа се поставува за Св. Никола.


Од друга страна, експертите советуваат дека елката не се поставува многу порано, туку две недели пред Нова година, за да не ги изгуби свите иглички и да не се исуши.

Со ова мислење не се согласуваат лицата кои ги одгледуваат и тврдат дека е најдобро да се земаат елките што е можно порано бидејќи се сечат во средината на ноември и подобро е што поскоро да се стават во вода.


Се разбира, во случај да користите пластична елка, може да ја поставите и порано.

Сепак, доколку мислите дека пластичната елка е подобар избор, токму поради избегнување на горе споменатите проблеми - се лажете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk