Синот на Бекер прогласен за најпосакуван маж во Англија, жените тврдат дека е олицетворение на Аполон: „Доволно е да се погледнам во огледало“

Кармин

30/11/2021

22:14

17.349

Големина на фонт

а а а

Елијас Бекер, син на поранешниот германски тенисер Борис Бекер, неодамна откри дека родителите не морале никогаш да му кажат дека е згоден затоа што доволен му бил само поглед во огледало и тоа сам да го види.

Згодното 22-годишно момче ова го кажалo откако угледниот магазин „Tatler“ го прогласил за еден од најпосакуваните мажи во Велика Британија. Инаку, Елијас живее со своите родители во Лондон, а активно се занимава со моделинг.

„Мојот изглед не е нешто што сметав дека е единствено важно. Сепак, во пoследните пет години не ми беа потребни ничии комплименти за да знам како изгледам“, изјавило момчето.

Елијас истакнал и дека верува дека ласкавото признание го должи на фактот што е харизматичен. Инаку, ова младо момче студира режија, а покрај моделингот се интересира и за актерството. Вели дека неговото тело се должи на напорното вежбање и активниот живот и вегетаријанскиот начин на исхрана.

Синоокиот Бекер вели дека ја негува и својата духовна страна, па од детството ужива во медитација и јога.

Инаку, Борис во едно интервју минатата година раскажал дека сите негови тројца синови „барем еднаш неделно“ доживуваат расистички инцидентни.

„Не обрнувам внимание на тоа, баш поради тоа што се сакам таков каков што сум. Претходно тоа го прифаќав некако, но во тие години се развиваш, ја формираш својата личност и сфаќаш кој си и што си“, објаснил Елијас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk