Данијела првпат јавно за прекинувањето на врската со Грашо: „Петар е убаво минато...“

Кармин

25/11/2021

11:43

7.210

Големина на фонт

а а а

Пејачката Данијела Мартиновиќ првпат јавно проговори за раскинувањето на врската со Петар Грашо кое се случи по 24 години љубов.

Сплитската пејачка се огласи за хрватското издание на магазинот „Глориа“ и наведе дека раскинувањето било неизбежно.

„Не можете да избегнете момент кој е неизбежен“, констатирала пејачката којашто тврди дека „Петар Грашо е само убаво минато“.


Инаку, Петар Грашо по раскинувањето со Данијела запловил во врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на музичарот Тончи Хуљиќ.

Данијела до неодамна на социјалната мрежа Инстаграм ја следела Хана, новата девојка на својот поранешен партнер, но вчера во јавноста предизвикало бура од реакции нивното отследување на социјалната мрежа.

Инаку, Грашо и неговата поранешна партнерка Данијела живееле во пентхаус. Сега во него живее само Данијела за која соседите имаат само пофални зборови.

„Семејството Хуљиќ и Данијела и Грашо постојано се собираа во нивниот дом и се дружеа“, изјавил сосед на Данијела за хрватски „24сата“.


„Подобро ѝ е без него. Данијела како жена многу добро го поднесе тоа“, раскажала некоја сосетка.

Соседите велат дека пејачката често ја сретнуваат во продавница и дека истата е постојано насмеана.

Меѓутоа, Грашо не го сретнуваат како претходно, затоа што тој се отселил на другиот крај од Загреб, во елитен кварт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk