Силен земјотрес регистриран во Албанија, земјотресот бил почуствуван и во Црна Гора

Макфакс

17/10/2021

23:38

5.085

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван околу 22.13 часот, 53 километри северозападно од Тирана.

Според албанските портали, епицентарот бил на длабочина од два километри.

Засега нема информации за материјална штета, но земјотресот предизвикал паника кај граѓаните, кои излегле на улица, пишуваат медиумите.

Медиумите јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора.



Спонзорирани линкови

Маркетинг