Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

Макфакс

17/10/2021

23:26

2.271

Големина на фонт

а а а

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на централниот изборен штаб.

„Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник бидејќи води уште во првиот круг пред Данела Арсовска“, рече тој.

Тој нагласи дека во најмалку 25 општини води коалицијата предводена од СДСМ, меѓу кои Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Берово, Богданци, Кочани, Карпош, Центар, Пробиштип…

Водство, според Николовски, СДСМ има и во Маврово, Македонска Каменица, Чашка, Росоман, Ново Село, Лозово и на ниво на Град Скопје.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ нерационално се обидува да конструира е лажна еуфорија е порака за политичката неукост на Мицкоски. Ова не е арена за навивање, ова е натпревар за подобар живот на народот во секоја општина. Локалните избори секогаш имаат втор круг. Затоа, кочи Мицко. Граѓаните знаат, СДСМ го има најголемиот коалиционен капацитет на политичката сцена“, рече Николовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг