Шилегов во водство пред Арсовска, покажуваат првичните резултати од ДИК

Макфакс

17/10/2021

23:19

3.077

Големина на фонт

а а а

Петре Шилегов во водство пред независната кандидатка Даниела Арсовска покажуваат првичните резулати од Државнатата изборна комисија објавени на нивната официјална веб страница од трката за избор на градоначалник на Град Скопје.

До 22:40 во системот на ДИК се обработени податоци од општините Сарај, Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и Гази Баба кои покажуваат дека Шилегов има 37,59 проценти од гласовите додека Арсовска 34,15 проценти. По нив следи Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 5,66 проценти, Перо Георгиевски од Левица со 4,85 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град со 3,41 процент и Александар Тортевски од Твоја партија со 1,18%. Останатите кандидати според овие резултати имаат под еден процент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг