Генијално или бизарно? Вака познатата писателка Агата Кристи му се одмаздила на својот сопруг кој ја изневерувал

Кармин

13/10/2021

14:02

5.632

Големина на фонт

а а а

Поради тоа што била позната писателка, кога исчезнала 11 дена, Агата Кристи ја барала цела земја.

Во декември 1926 година во Британија и цел свет се проширила веста дека на патот бил пронајден празен автомобил со женска бунда. По некое време веста експлодирала – писателката Агата Кристи исчезнала, а пронајдениот автомобил бил нејзин.

Најинтересно од сето тоа било што нејзиниот тогашен сопруг Арчибалд сакал да се разведе од Агата, а поради тоа во јавноста се јавил сомнеж дека можеби тој ја убил.

Ноќта кога Агата исчезнала, тој бил во селската куќа со својата љубовница. Скотланд Јард бил сигурен дека алибито е лажно. Со еден збор, цела Британија го презирала сопругот на Агата и само чекале докази за злосторот, една ситница за полицијата да го стави во затвор.


Весниците, општеството – биле огорчени и барале веднаш да го апсат тој проклет маж.

Арчибалд бил најомразената личност тие 11 дена. Неговата љубовница не можела да го поднесе тоа, па побегнала од него.

Нова венчавка не доаѓала предвид

Во истрагата бил доведен и Конан Дојл за кој се верувало дека ја пронашол исчезнатата жена со методот на Шерлок Холмс. А, потоа стигнал анонимен повик кој соопштил дека исчезнатата жена моментално се наоѓа во модерниот хотел Сван Хидропатик, дека многу се забавува на сцена и главно оди на скапи третмани.

Полицијата извршила претрес во хотелот и ја пронашла писателката која изгледала убаво и одморено, во добро здравје и расположена.

Живеела во хотелот со име Тереза Хил. Подоцна самата таа ќе каже дека имала психичко нарушување и дека не се сеќава како стигнала таму.

Но, психолозите ќе кажат дека немало такво нешто поради тоа што таа одлично се забавувала таму, играла и свирела клавир, одела на третмани и пиела скапо вино.


Тоа било само одмазда за нејзиниот сопруг, негово целосно понижување, победа над него и апсолутен пораз за неговиот иден брак. Љубовниците, како глувци секогаш први бегаат од бродот којшто тоне.

Подоцна Агата одлучила мирно да се разведе од него, па да се венча за 15 години помладиот Макс Малован кој страсно се занимавал со археологија.

Оваа вест Арчибалд го избришала од лицето на Земјата

Што се однесува до разликата во годините со вториот сопруг, Агата секогаш ја изговарала оваа прекрасна фраза:

„Прекрасно е да имаш сопруг археолог – секоја година му стануваш сè повредна“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk