Француско истражување покажува дека вакцините се 90 отсто ефикасни против тешки облици на Ковид-19

Точка

11/10/2021

14:03

9.798

Големина на фонт

а а а

Вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 отсто кај лица постари од 50 години и се чини дека е ефикасна против делта сојот на коронавирус, покажуваат резултатите од новата француска студија.

„Тоа значи дека вакцинираните луѓе имаат 9 пати помал ризик од хоспитализација или смрт од Ковид-19 отколку невакцинираните луѓе“, изјавил за АФП епидемиологот Махмуд Зуреик, кој е на чело на научната група Епи-Фар (Epi-Phare).

Истражувачите ги споредиле податоците на 11 милиони вакцинирани лица постари од 50 години со податоците од 11 милиони невакцинирани лица во иста старосна група, од 27 декември 2020 година до 20 јули 2021 година.


Од 14-тиот ден по втората доза на вакцината било забележано „намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 отсто“, се наведува во студијата.

Ова се однесува на вакцините на Фајзер/Бионтек, Модерна и АстраЗенека, кои се употребуваат во Франција од почетокот на периодот на кој се однесува истражувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг