Видео интервју со победникот на Макфест! Александар Тодороски за Точка: „Искрено, уште не ми се верува дека јас победив!“

Точка

19/09/2021

19:18

226.438

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер се одржа финалето на 36-то издание на најстариот музички фестивал на забавни мелодии - „Макфест“, во Штип.

Новинар: Цеце Николова
Видео: Ненад Смиљковиќ

Во огромната конкуренција, со веќе докажани музичари, пејачи кои и претходни години настапиле пред макфестовската публика, дебитантот Александар Тодороски од Штип ја освои првата награда во вредност од 5.000 евра.

Од честитките кои му пристигнуваа од сите страни и прегратките кои неговите најблиски сакаа да ги споделат со него - едвај успеавме да дојдеме на ред да му честитаме и ние и да направиме интервју со победникот на овогодишниот Макфест.

Години наназад Ристо Самарџиев се покажува како еден од најдобрите композитори кога станува збор за создавање на макфестовски хит, па токму тој е заслужен за музиката и текстот на овогодишната победничка „Под исто небо“, за која ја напишал музиката и текстот, додека аранжманот се на Давор Јордановски.

Во интервјуто за Точка, Тодороски вели дека Самарџиев и Јордановски се тимот со кој сака да работи и веќе планираат нови соработки во иднина.

Погледнете го во видеото целиот разговор со победникот на Макфест 2021, Александар Тодороски.

А подолу може да ја слушнете и победничката песна на Тодороски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг