ЕМА без потврда за зголемен ризик за жени и млади од АстраЗенека

Точка

17/09/2021

16:07

11.462

Големина на фонт

а а а

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека не може да потврди дали жените и младите се во поголем ризик од редок развој на крвни згрутчувања со ниски тромбоцити по вакцинација со вакцината на АстраЗенека.

Поради ограничувањата во начинот на собирање податоци, ЕМА не успеала да идентификува специфични фактори на ризик кои доведуваат до поверојатна појава на тромбоза со тромбоцитопенија, објави европскиот регулатор, пренесува „Ројтерс“.


Европската комисија претходно оваа година побара научно мислење од ЕМА по пријавените случаи на тромбоза проследена со тромбоцитопенија (ТТС) по примањето на АстраЗенека, поради што некои земји на ЕУ во еден момент ја прекинаа нејзината примена.

ЕМА повтори дека втората доза вакцина која АстраЗенека ја разви со универзитетот во Оксфорд се применува помеѓу 4 и 12 недели по првата.

„Нема докази дека одложувањето на втората доза има какво било влијание врз ризикот од ТТС“, велат од ЕМА.

ЕМА исто така истакна дека моментално нема дефинитивна препорака за давање на вакцина од друг производител по првата доза на АстраЗенека.



Спонзорирани линкови

Маркетинг