До скоро никој не знаеше која е, а сега го освои црвениот тепих: 18-годишната шампионка на УС Опен блескала во креација на Шанел

Кармин

16/09/2021

11:54

9.322

Големина на фонт

а а а

18-годишната британска тенисерка Ема Радукану, сензационалната шампионка на УС Опен, не престанува да ја воодушевува јавноста ширум светот.

Откако направи неверојатен подвиг на тениските терени во Њујорк, прекрасната Ема прошетала на црвениот тепих на Мет галата и тоа рамо до рамо со светските ѕвезди.


Ема заблескала во црнобела монохроматска креација на Шанел која се состоела од здолниште и краток топ. Блескавата креација која ја дизајнирала креативната директорка на познатата модна куќа, Вирџинија Виард, имала бисерен синџир околу струкот.

Младата тенисерка го заокружила стајлингот со впечатливи шпиц чевли.


Интересно е тоа што до пред неколку недели повеќето љубители на тенисот воопшто и не знаеја која е Ема Радукану. Денес таа е тениска ѕвезда која испиша историја, освојувајќи го последниот Гренд слем на сезоната без изгубен сет.

Благодарение на таа победа, Ема е побогата за 2,1 милион евра, а маркетиншките експерти предвидуваат дека нејзината заработка вртоглаво ќе расте во наредните години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk