Брачен пар им испратил фактура на сите кои не се појавиле на нивната венчавка: „Јавете нѝ како ќе плаќате, ви благодариме“

Кармин

13/09/2021

17:18

8.154

Големина на фонт

а а а

Младиот брачен пар Даг Симонс и Дедра Мекги одлучиле по церемонијата, на сите гости кои не се појавиле да им испратат казна и тоа во облик на фактура.

На сите поканети кои не успеале да дојдат на венчавката, парот преку мејл им испратил фактура во износ од 240 долари, со објаснување дека тоа е казна за местото кое тие го платиле, а гостите не се појавиле, ниту најавиле дека нема да дојдат.

„Го потврдивте присуството, а потоа не се појавивте. Ние однапред плативме за вашите места. Јавете нѝ кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме“, стои во нивното официјално писмо.

Фактурата брзо се проширила на социјалните мрежи и предизвика вистинска расправа помеѓу луѓето. Додека некои мислат дека ова е претерано и безобразно, на некои им е жал што и самите не се сетиле на оваа идеја кога правеле свадба.


„Жал ми е што не се сетив на ова. Јас и мојот сопруг скапо ја плативме храната која подоцна беше фрлена бидејќи гостите не се појавија“, искоментирала една жена.

„Не треба да го правите ова, вака се губат пријатели“, се надоврзал еден маж, а потоа се огласиле и самите Даг и Дедра:


„Четири пати прашавме дали можат да дојдат и сите одговорија потврдно. Плативме однапред, а тие не се појавија. Не нѝ е гајле за парите туку за тоа како се чувствувавме на нашиот голем ден. Тоа е израз на непочитување кон нас. На крајот не зедовме пари од ниту еден поканет кој не се појави, но сакавме да им покажеме дека тоа не е во ред“, вели парот за „The Post“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk