Вчера вечер пожар го зафати познатиот ресторан "Рагуза 360", кој се наоѓа на покриот на катната гаража "26-ти јули" во Скопје.
Сопственикот на ресторанот, Перица Голомеиќ, преку својот профил на Фејсбук се заблагодари за грижата и добиените пораки во врска со пожарот.
"Ви благодариме на грижата и сите пораки кои ги добивме во врска со пожарот кој избувна вчера во рамки на нашиот ресторан. За таа цел сакаме да ве известиме дека за среќа нема жртви ниту повредени. Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба. Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена", напиша Голомеиќ.