Кери и Ѕверката повторно заедно после повеќе од 20 години: Дали се разведуваат или сепак продолжуваат каде што застанаа?

Кармин

03/08/2021

21:24

1.578

Големина на фонт

а а а

Актерката Сара Џесика Паркер и актерот Крис Нот го толкуваа на многумина омилениот пар од малите екрани, а уште еднаш се враќаат пред камерите како Ѕверката и Кери Бредшо.

Имено, Сара и Крис овие денови го снимаат продолжението на серијата „Сексот и градот“, кое ќе се прикажува под името „And just like that“, а според првите детали, обожавателите ќе бидат задоволни.


Актерскиот пар бил фотографиран на улиците во Њујорк, а според сцените кои ги снимиле, на Ѕверката и Кери нема да им побегнат брачните проблеми ниту во новите епизоди на хит серијата.

Сара на себе имала комбинација со впечатливо здолниште со големи точки и интересен шешир, додека Нот имал едноставно одело, исто како оние кои ги носеше во претходните шест сезони на серијата, но и во филмовите.


Публиката ширум светот едвај ја чека венчавката на Ѕверката и Кери Бредшо, а додека едни постојано навиваат за нив, други пак едвај чекаат конечно да прекинат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk