За да се одредат поволните и неповолните денови во некој временски период, се следи месечевиот календар во кој се откриваат фазите на месечината, како и влијанието на месечевата енергија врз нашиот живот.
Дали одреден ден ќе биде позитивен или негативен, зависи од положбата на месечината, нејзините фази како и од хороскопскиот знак во која се наоѓа во тој период.
Ви откриваме кои денови во август ќе бидат најсреќни според лунарниот календар:
3 август - Месечина во Близнаци
Ова е ден кога ќе престанете да играте улога на жртва и ќе започнете да верувате во себе. Ќе сфатите како да го заборавите старото и да создадете нешто ново во својот живот. Ова е поволен ден за прифаќање на сопствената природа онаква каква што е, но и за борба со предизвиците бидејќи ќе имате неверојатна сила.
Ова е ден кој ќе внесе светлина во сите сфери од животот, моменти на мир и благосостојба. За овој ден е пресудно чистење на кармата и правењето добри дела за да се ослободите од кармичките долгови од минатото.
14 август - Месечина во Шкорпија
Комуникацијата е клучна на овој ден, а вашите зборови ќе имаат голема сила. Ве очекува пријатен расплет на настаните на работното место бидејќи ќе имате креативна енергија на завидно ниво. Поради тоа овој ден е фантастичен и за преговори, договори и потпишување на важни документи.
Можна е средба на две слични природи кои силно се привлекуваат. Ова е идеален ден за слободните срца и поврзување со сродната душа. Интуицијата ќе биде зајакната, а духовното и емоционалното го преземаат водството над материјалното. Ќе бидете благодарни и ќе имате зголемено чувство на емпатија, па може да дојде и до подобрување на односите од минатото.
Прекрасен момент за опуштање и заборавање на стресот и подготовка за добар одмор кој ви е неопходен. Секој настан ќе биде пријатен, односите ќе бидат во совршен ред, а вие ќе имате чувство дека конечно сте воспоставиле хармонија во својот живот.