Актерката повеќе никој не ја препознава: Била фатална жена со преубаво лице, но потоа...

Кармин

20/07/2021

18:13

3.896

Големина на фонт

а а а

Дрогата ја уништила, а поради естетските корекции повеќе таа не личи на себе.

Британската актерка Даниела Вестбрук (47) веќе долго време е мета на потсмев во јавноста поради бројните неуспешни естетски зафати кои ги направила.


Даниела се прославила во 1990 година кога глумела во серијата „Eastenders“ која ѝ донела светска слава.

Актерката тогаш пленела со природна убавина, но потоа сè тргнало наопаку со низата неуспешни операции.


Таа станала зависна од операции, а пред неколку години ситуацијата ескалирала кога за медиумите открила дека лицето буквално ѝ старее од естетските зафати.

„Јаболчниците ми пропаѓаат поради тоа што некогаш бев редовен корисник на кокаин, но и поради лошо направениот естетски зафат во 2015 година. Поради него добив остеопороза“, изјавила таа за „Mirror“.


За да ја зајакне коската пред операцијата, таа пиела по седум литри млеко дневно.

Зависноста од различни супстанции и пластични операции на крајот направиле да заврши на улица.


„Живее кај пријателка. Не може да си дозволи да изнајми ниту соба. На своите пријатели им признала дека нема пари и дека зема социјална помош. Пријателите ѝ помагаат, но не сакаат да ѝ позајмуваат пари поради тоа што знаат дека никогаш нема да ги врати“, изјавил извор близок до актерката пред неколку години за магазинот „Now“.

Вака актерката изгледала пред естетските операции: 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk