Ова лето е незамисливо без бермуди, велат модните експерти. Ако сакате да бидете во чекор со трендовите, ова парче треба да се најде во вашиот гардеробер.
Најпопуларни се моделите од тексас и со висок струк, а добра работа е што можат да се носат во многу прилики и на безброј начини.
Бермудите можат да бидат дел од лежерниот, деловниот, но и елегантниот стајлинг, во зависност од парчињата кои ги комбинирате со нив. Должината е пристојна така што лесно можат да станат дел и од деловниот стајлинг, доколку додадете сако или малку поелегантна кошула.
Со класична маичка тие се одлични за кафе со пријателките, а доколку додадете високи потпетици, без проблем можете да ги носите и за вечерните излегувања.
Благодарение на кројот, бермудите ѝ прилегаат на секоја жена, без оглед на градбата на телото.
Ние денеска пронајдовме неколку идеи за стилизирање на ова парче кои можеби ќе ве инспирираат за вашиот следен стајлинг - погледнете: