Обожуваме да пронаоѓаме венчаници кои излегуваат од рамки на вообичаеното, а годината зад нас дефинитивно ги натера креативните парови да размислуваат во некои нови правци за својот ден од соништата.
Многумина сериозно ја скратија листата на поканети лица, па наместо класични локации и стајлинзи, покажаа колку добро може да се изгледа во нешто полежерно издание.
Во последно време гледаме дека мини фустанот во улога на венчаница е вистински хит, особено за летните денови, а веќе знаеме дека оделото е едно од најелегантните избори. Не само што изгледа убаво, туку е и практично за танцување и за сите задачи на младоженците во текот на големата ноќ.
Бело одело и шешир како топ комбинација
Ванеса Аксенте е унгарски модел кој минатата година го изговори судбоносното „да“ со партнерот Рахил Гупта. Овој кул пар направил фотосесија на улиците на Будимпешта, а она што се истакнува на фотографиите е опуштената, елегантна комбинација на невестата во која навистина изгледа фантастично.
Аксенте одбрала бело одело, односно комплет со панталони со висок струк, бел топ и блејзер, а целата комбинација ја заокружила со темносини Валентино салонки и шешир. Шминката била минимална, а нејзината коса била врзана во ниска пунџа, додека нејзиниот партнер бил облечен во класично темносино одело.
Како ви се допаѓа оваа комбинација за големиот ден?