Скандал на Евро 2020: Хрватите на Европското првенство носеле усташки грб на дресот

Точка

29/06/2021

16:22

9.593

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Хрватска имала погрешно знаме на дресот на сите 4 натпревари од Европското првенство. И тоа озлогласената шаховска табла...

Фудбалската репрезентација на Хрватска испадна од Европското првенство веќе во осминафиналето, а еден ден подоцна хрватските медиуми откриваат дека државниот тим на турнирот носел погрешен дрес.


Хрватска на сите 4 натпревари од Европското првенство настапила во дресови на кои е погрешно државното знаме, односно грбот на него. Репрезентацијата настапила во дрес на чиј грб првото поле е со бела, наместо црвена боја.

Медиумите тоа го опишале како гаф и ја припишале грешката на еконoмите на репрезентацијата кои ги прегледувале, но очигледно произведувачот на опремата направил пропуст каков што не се памети, особено поради конотацијата која ја има првото бело поле на овие простори.


Шаховската табла со прво бело поле го симболизира усташкиот режим за време на Независна држава Хрватска, па е јасно за каков скандал станува збор.

За потсетување, репрезентацијата на Шпанија ја победи Хрватска во осминафиналето од ЕП со 5:3 и ги испрати Хрватите дома. Натпреварот го одбележа одличната игра на Шпанците, но и неверојатните грешки на хрватската репрезентација.