Видео: Змии слободно шетаат низ Скопје! Граѓаните загрижени и бараат помош

Точка

26/06/2021

22:02

5.608

Големина на фонт

а а а

Змија била фатена во Министерството за здравство вчера. Откако истата била забележана од страна на вработените, веднаш била повикана помош од стручно лице од скопската зоолошка градина за фаќање змии.

Како што може да се види од видеото кое се шири на социјалните мрежи, змија се шета на кејот покрај реката Вардар во делот кај Министерството за надворешни работи.

Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но граѓаните овие денови постојано фотографираат змии како се шетаат низ населените места сè почесто.

Воедно, се појави и фотографија на Инстаграм профилот на Снеже Велков, која е направена на кејот во центарот на Скопје, во непосредна близина на зградата на Основното јавно обвинителство.

Освен фотографија, таа на својот Инстаграм профил апелира до граѓаните да бидат внимателни. Велков напиша дека се обидела да стапи во контакт со надлежните градски и државни институции, но за жал никаде не добила конкретен одговор или ветување дека ќе се реши проблемот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг