Пристигна ретроградниот Јупитер, посилен од некогаш: Следува неверојатно успешен период за овие 3 хороскопски знаци

Кармин

21/06/2021

15:00

4.778

Големина на фонт

а а а

Јупитер во знакот на Риби го започна својот ретрограден од на 20-ти јуни и ќе трае сè до 18-ти октомври.

Нѝ пристигна ретроградниот Јупитер, а тоа значи дека можеме да очекуваме само позитивни промени. За разлика од ретроградниот Меркур кој негативно влијае на нашите животи, овој астролошки феномен носи само подобрување.

Планетата Јупитер се смета за планета која носи благосостојба и среќа. Неговите транзити се магични и влеваат надеж и позитивна енергија.

Овие знаци најмногу ќе го почувствуваат неговото позитивно влијание:

Бик

Бикови, имате среќа. Нешто што ве мачи со години конечно ќе стане минато и вие ќе се чувствувате ослободени. Ова не мора да значи дека станува збор за некоја личност, тоа може да биде и откажување од цигарите или некоја друга лоша навика. Што и да одлучите – Јупитер е на ваша страна.


Лицата родени во знакот на Бик ќе имаат прилика да направат важни чекори кон одредена финансиска цел. Отплатата на некои стари долгови или награда за трудот можат да ве инспирираат да започнете нов проект кој ќе го промени вашиот живот во иднина.

Вага

Ако вашиот сон е конечно да ја пронајдете љубовта на својот живот, ова е погоден период за вас. Јупитер е планета која инспирира да бидете отворени за нови работи и да гледате на вашиот живот од поинаква перспектива. Вагите познати по својот истенчен вкус конечно малку ќе се опуштат и ќе уживаат во животот.

Со други зборови, ако сте родени во овој воздушен хороскопски знак, ќе научите дека не сите луѓе се лоши и злобни и дека можеби некогаш треба да дадете втора шанса.


Стрелец

Јупитер е вашата владејачка планета и никој не знае подобро од вас како оваа планета влијае на луѓето кога станува ретроградна. Во овој случај, тоа за вас значи голема среќа. Сè околу вас ќе се шири и зголемува – и љубовта, и парите, и приликите, и доброто расположение, и можностите за патување.

Ако постои некое креативно дело кое долго време го криете од очите на јавноста, време е да излезе на виделина. Можеби во претходниот период сте биле лути и исплашени поради лошите работи, но Јупитер овојпат ви носи среќа, па затоа искористете го максимумот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk