Русите се колнат во овој напиток: Има бројни лековити својства за организмот, а се подготвува брзо и лесно

Точка

21/06/2021

14:05

5.271

Големина на фонт

а а а

Најмногу им помага на желудникот и кожата, но исто така се користи и за лекување на разни други тегоби, а и му помага на организмот да закрепне од повреди.

Сокот од свеж компир е популарен во Русија, како моќен сојузник на здравјето. Иако има малку непријатен вкус, поради што на многу од луѓето им е одбивен, тој носи многу поволни својства за здравјето.

Свежиот сок од компир ги намалува киселините во организмот и не дозволува да се појават болести како што се артритис или некои други воспалителни процеси.


Употребата на овој сок ги намалува и болките во грбот и зглобовите, а ја забрзува и циркулацијата.

Сокот е феноменално средство за чистење и одржување на вашата кожа.

Тој ги смирува воспаленијата на кожата, а лекува и акни, но има способност и за намалување на телесната тежина.

Доколку една чаша од сокот пиете пред појадок или пак неколку часа пред спиење, тоа ќе го забрза вашиот метаболизам и слабеењето ќе започне.

Чистењето на црниот дроб е еден од главните адути на сокот од компир.

Мачнини

При мачнини се препорачува да консумирате сок од 100 до150 грама двапати дневно половина час пред јадење. Бирајте црвен компир.

Рани

Рендан компир се замотува во памучна ткаенина, па се става на изгореници, рани...


Камен во бубрег

Сварете компир со лушпа, а потоа водата ја пиете при превенција на камен во бубрег. Пијте половина шолја пред оброк во текот на три седмици.

Настинка

Се смета дека е исклучително корисно да се вдишува пареата од варениот компир, особено доколку имате кашлица или пак воспаление на грлото. За инхалација најдобро е да земете жежок компир, а по вдишувањето веднаш легнете си во кревет.

Хипертензија

Пред јадење консумирајте по една лажица сок од компир во тек на две седмици. Се верува дека го намалува високиот крвен притисок.

Рецепт за сок:

Земете неколку компири со средна големина. Излупете ги, исечкајте ги на што поситни парчиња, па ставете ги по ленена ткаенина и процедете ги.


Сокот од компирите ставете го во стаклено шише, па во фрижидер. Доколку вкусот ви е неподнослив, помешајте го со сок од јаболко, морков или друго овошје кое ви е омилено.

Рецепт за акни на кожата:

Рендан свеж компир се нанесува на кожата со акни, па смесата се остава да делува околу 40 минути, потоа лицето се мие.

Тоа е традиционален руски рецепт за чистење на кожата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг