Најдобрите сопруги според хороскопот: Во овие 3 знаци се раѓаат жени кои безусловно сакаат

Кармин

10/06/2021

17:00

3.606

Големина на фонт

а а а

За овие дами астролозите сметаат дека ги исполнуваат сите барања и желби кај мажите.

Некои жени се предодредени да бидат најдобри пријателки, а некои пак, како што тврдат астролозите, родени за совршени сопруги.

Рак

Кога ќе ја освоите жената Рак, таа ќе ве сака безусловно. Оваа дама ќе биде подготвена да оди дури и до крај на светот со вас или поради вас. Нејзините чувства секогаш се интензивни.


Жената Рак ќе направи сè за избраникот на нејзиното срце да биде најсреќниот човек на светот. Ќе му готви храна, а уредениот дом со вкус ќе биде првото семејно прибежиште.

Лав

Лавицата е вистинска хероина. Жената родена во овој хороскопски знак има неверојатна способност, но и нејзе ѝ е потребен некој на кој може да се потпре. Таа бара еднаква личност на себе, па покрај својот партнер нема да биде само обичен човек туку и човек кој има голема самодоверба.

За семејството, а особено за своите деца ќе се бори како вистинска лавица. Исто така секогаш ќе биде на штрек – тешко оној кој ќе се обиде да каже нешто лошо за нејзиното семејство.


Јарец

Жената Јарец е упорна и може да го освои секој маж. Тоа што поголемиот дел од луѓето би ги повредило и би ги натерало да се откажат, припадничките на овој хороскопски знак ќе го поднесат достоинствено.

Таа има неверојатна моќ која ја нема ниту една друга жена од хороскопот – партнерот со неа од ден на ден да станува сè подобар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk