Турција на 3-то место во светот: 519 плажи оваа година добија признание за чистота и безбедност

Точка

27/05/2021

11:04

7.654

Големина на фонт

а а а

По Шпанија и Грција, по бројот на признанија познати како сино знаме, Турција се најде на високото трето место помеѓу 49 земји.

Освен плажите, ваквото признание го добиле и 22 марини во земјата, како и 6 јахти и 10 одржливи туристички бродови.

Според податоците, вкупно 713 плажи во Шпанија се закитија со сино знаме, додека во Грција се вкупно 545, од кои 96 на Халкидики.


Синото знаме е признание кое се доделува на меѓународно ниво за чисти и безбедни плажи. Повеќето плажи кои оваа година добија сино знаме се наоѓаат на егејскиот брег на Турција.

Турскиот министер за животна средина и урбанизација, Мурат Курум, истакнал на Твитер дека земјата без прекин работи на заштита на природата.


„Собравме 85.000 тони морски отпад во рамки на проектот „ZeroWasteBlue“. Со своите 163 објекти за прифаќање на отпад, обезбедуваме целиот бродски отпад да биде отстранет. Веднаш реагираме на можно загадување и несреќи од 364 крајбрежни објекти“, навел министерот.

Турција има за цел да го зазеде првото место по бројот на чисти и безбедни плажи до 2023 година.

„Горди сме што уште еднаш сме наградени за сите напори. Нашата земја во 2021 година го зазеде третото место во светот, со 519 плажи со сино знаме. Нашата цел за 2023 година е да бидеме светски првак“, додал Курум.