Напиток за слабеење кој им е омилен на Русинките, а се подготвува од само 2 состојки

Кармин

14/05/2021

14:44

2.323

Големина на фонт

а а а

Русинките се познати по својата витка линија, а делумен „виновник“ за тоа е и овој напиток.

Речиси секоја жена во Русија секое утро го започнува со овој напиток од само 2 состојки за чија подготовка ви се потребни 1 чаша кефир и 1 лажица ленено семе.

Подготовката е сосема едноставна – само помешајте ги кефирот и лененото семе и секое утро консумирајте ја оваа мешавина пред појадокот.

Напитокот долго време ќе ве држи сити, а нема да имате потреба ниту за слатки. Овој рецепт е исто така добар и кога сакате да направите детокс на телото и да ги исфрлите вишокот течности.


Еве како овие состојки делуваат на организмот:

Кефирот содржи витамин Д, калциум, протеини, витамин Б12 и магнезиум, а една чаша содржи само 100 калории.

Токму тоа е една од причините зошто оваа намирница редовно е на менито на Русинките кои неретко практикуваат диети базирани токму на овој млечен производ и така ја одржуваат линијата.

Лененото семе благотворно делува на дигестивниот тракт, го намалува апетитот, а со самото тоа и телесната тежина. Тоа ги чисти цревата, но може да помогне и во согорување на мастите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk