Пејачката отишла на смалување на желудникот, па покажала шокантни фотографии од исекотини и модринки по телото!

Кармин

07/05/2021

16:05

4.424

Големина на фонт

а а а

Телевизиската личност, модел и пејачка, Шанел Хејз, добила многу вишок килограми во текот на бременоста.

Како што вели, свесна е дека веројатно никогаш нема да има тело како порано, но и многу е задоволна од успехот кој досега го постигнала.


Пејачката драстично ослабнала, благодарение на операцијата за намалување на желудникот, но и правилна исхрана и тренинзи.

Таа неодамна на својот Инстаграм профил го опишала своето искуство, воедно покажувајќи и вознемирувачка фотографија на која се гледаат исекотини и модринки кои ги добила за време на операцијата.


Шанел исто така покажала дека после операцијата пиела многу лекови и дека исхраната тие четири месеци всушност ѝ била течност.

Пејачката гордо го покажува својот успех на социјалните мрежи, па така неодамна објавила неколку фотографии од 'пред и потоа'.

Како што открила, ѝ останала вишок кожа, но не многу, додека лицето всушност само ѝ се намалило и на него не правела никакви дополнителни корекции.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk