Џесика Алба: Модна комбинација која докажува дека некогаш не треба да се грижиме за пеглањето алишта

Кармин

07/05/2021

15:14

1.605

Големина на фонт

а а а

Актерката и претприемачка Џесика Алба, поради работните обврски поминала два дена во Њујорк со своето семејство.

Акциите од нејзината компанија „Honest“ првпат беа намалени во продажбата, а Џесика по тој повод учествувала на церемонијата на отворањето на тргување со акции на берзата „Nasdaq“.


Благодарение на тој работен потег, вредноста на компанијата на пазарот се зголемила за 1,68 милијарди долари, а вредноста на нејзиниот удел сега изнесува 130 милиони долари.

Во текот на вториот ден во престојот во Њујорк таа дала низа интервјуа, па отишла на снимања на емисијата „The Tonight Show“ кај водителот Џими Фалон.


За таквите активности таа избрала елегантна модна комбинација, а потоа денот го завршила во целосно различно модно издание.

За летот од Њујорк до Лос Анџелес таа избрала удобен дводелен комплет во беж боја од памук. Љубителите на тој материјал одлично знаат дека единствената маана на материјалот е тоа што често знае да се згужва.


Колку и да го пеглате, појавата на наборите на облеката направена од таквиот материјал едноставно е неизбежна, особено доколку долго време седиме.

Токму тоа е причината поради која што многу од дамите се откажуваат од носењето на облека направена од таков материјал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk