Само вака може да добиете најубава портокалова боја за јајца: Целосно природно, без хемии, а потребни ви се само две состојки!

Кармин

29/04/2021

17:30

1.513

Големина на фонт

а а а

За бојадисување велигденски јајца не ви се потребни никакви хемии, ниту купување бои во кесички.

Најубавите нијанси можете да ги добиете со помош на состојки кои сигурно секоја домаќинка ги има во својата кујна.

Ние пронајдовме најдобар начин за добивање на најубавата портокалова нијанса.

Ако сакате впечатлива протокалова боја, измешајте 2 лажици оцет со 250мл. вода. Оставете ја да зоврие, а потоа додадете кромид и оставете да се вари околу 30 минути на ниска температура. За интензивна боја, оставете ги јајцата да преноќат во оваа боја.


Светло портокалови јајца може да добиете на следниот начин:

Зовријте 2 шолји вода. Додадете 4 супени лажици мелени пиперки и оцет. Мешајте додека не се соединат.

Добиената смеса истурете ја во тегла и оставете да се излади на собна температура. Ставете ги јајцата во теглата и оставете да ја впијат бојата.

Кога ќе бидете задоволни од бојата, извадете ги јајцата со лажица, измијте ги со ладна вода и оставете ги да се изладат.

Совет: За бојата да биде поубава, претходно избелете ги јајцата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk