Сите сакаат палачинки со овој намаз, а најлоши се: Нутриционистка открива какви палачинки да консумирате, без да се дебелеете

Точка

14/04/2021

19:02

3.922

Големина на фонт

а а а

Без разлика дали ги сакате во солена или слатка варијанта, палачинките секогаш се јадат со некаков намаз.

Некој сака сирење, на некои им се допаѓа старомодна верзија - ореви и шеќер, некој сака еурокрем, а некој се одлучува за џем.

Но, она што малкумина го знаат е дека некои преливи и намази не треба да се мешаат.


„Мешањето палачинки со различни намази не е добро за варење. Односно, ако јадете палачинка со крем, па потоа со џем, па со крем сирење, тогаш тоа ќе создаде сериозна непријатност во телото. Секогаш најдобро е да изберете еден, или најмногу два слични намази како дел од еден оброк. На пример, едната палачинка намачкајте ја со еурокрем, другата со џем. Двата намази се богати со јаглехидрати, така што оваа комбинација нема да биде проблематична“, објаснила српската нутриционистка, Ана Ивашкевиќ.

„Исто така, павлака со свежо овошје е многу лоша комбинација. Таа предизвикува зголемени процеси на ферментација во организмот, па кога на тоа ќе му додадете тесто, само ќе ја влошите ситуацијата, ќе отечете како балон и ќе ви се лепи сало. Ако сакате слатки палачинки, најдобро е да изберете џем“.


Како што вели Ивашкевиќ, сирењето, кое многу често се додава во палачинките, исто така не е најдобра опција.

„Обично е потребно многу време за варење, а колку се помасни палачинките, процесот на варење трае подолго. Лошо е да ги комбинирате и со овошје, особено свежо. На пример, популарната комбинација на крем сир со банана е многу тешка“, објаснила нутриционистката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг