Томас Мулер го исмеваше ПСЖ пред двомечот, а сега девојката на Верати му одговори на Инстаграм

Точка

14/04/2021

18:52

3.210

Големина на фонт

а а а

Во спектакуларниот двомеч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, ПСЖ на сметка на голови на гости го мина Баерн и се пласираше во полуфиналето.

Вчера на Паркот на принцовите актуелниот шампион на Европа победи со 1:0, но во првата средба ПСЖ победи со 3:2 и така се пласираше меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.


По жрепката која ги спои овие две екипи, ѕвездата на Баварците, Томас Мулер, бил убеден дека Баерн ќе мине понатаму и на Инстаграм самоуверено им порачал на Парижаните "Au revoir", односно "збогум".


Како што можевме да видиме вчера, Мулер се излажал, а девојката на Марко Верати, Џесика Аиди објавила фотографија од Мулер и му пратила порака.


"Sorry not so sorry. Au revoir", порачала убавата Џесика на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг