Маркез: Многу боли што Меси може да си замине од Барселона

Дерби

25/02/2021

20:19

1.287

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси е во последните месеци од договорот со Барселона и останува под голем знак прашалник дали и по ова сезона ќе продолжи да го носи дресот на клубот од „Камп Ноу“.

Низ медиумите има многу информации, шпекулации, гласини, но има и екипи кои се издвојуваат како фаворити за негов потпис во случај да одлучи да си замине-тоа се Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Рафаел Маркез во минатото соработуваше со Меси и жали што ситуацијата е ваква во овој момент, ама воедно се надева дека Аргентинецот ќе ја продолжи соработката.

-Тој го дава најдоброто од себе секоја година и многу боли што може да ја напушти Барселона. Сè уште постои неизвесност дали тој ќе замине или ќе остане. Би било убаво ако остане и овде ја заврши својата кариера.

-Се надевам дека Меси може да освои нешто со својот тим, тоа е моја желба, но ако тоа не се случи, не мислам дека тоа ќе го минимизира она што е Лео. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, -порача Мексиканецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг