„Ѕирнете“ во овој фамозен стан во кој би се чувствувале баш како во рајот

Точка

21/01/2021

20:39

3.078

Големина на фонт

а а а

Оригинално и поинаку уредените простори секогаш освојуваат „на прва“, а таков е и овој стан со егзотичен, но многу природен стил во кој земјените тонови, изобилството од растенија и големите стаклени прозорци создаваат идилично чувство.

Овој простор за живот во Јужноафриканската Република е, најкратко речено, совршено уреден. 


Секоја просторија во овој дом има своја приказна и препознатливост, а со разгледувањето можеме да започнеме од дневната соба во која земјените нијанси како кафеава, сива и боја на песок во комбинација со пастелно тиркизна нијанса и цвеќе создаваат удобен и релаксирачки амбиент, налик некој егзотичен мал рај.

Наши фаворити од дневната соба се филадендронот и фотелјата со цветен дезен, а јасно е дека при уредувањето се внимавало на секој детаљ за да се создаде естетски привлечна и совршено еклектична целина.


Едната спална соба е уредена во жолти и златни тонови, како соба за кралско семејство, додека за уредување на другата спална соба е избран морскиот стил со преовладувачки морнарски дезен со сино-бели линии. Големите стаклени прозорци овозможуваат изобилство на светлина, а еден таков се наоѓа и во трпезаријата со столчиња изработени од слама.


А колку е само прекрасна кујната во светлосива боја во која исто така се наоѓаат бели прозорци во препознатливиот медитерански стил, какви што преовладуваат низ целиот идиличен дом.


Нема сомнеж, во овој фамозен стан би се чувствувале баш како во рајот!




Спонзорирани линкови

Маркетинг