Манчестер Јунајтед под Солскјер постави уште еден клупски рекорд по победата на „Кревин Котиџ“

Дерби

21/01/2021

10:28

1.223

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед славеше тешка победа на гостувањето во Лондон кај тимот на Фулам со 2:1.

Со оваа победа избраниците на Оле Гунар Солскјер останаа на челната позиција на табелата во Премиер лигата со два бода повеќе од Лестер и Манчестер Сити со тоа што имаат и натпревар повеќе од својот градски ривал.

Сега Манчестер Јунајтед има 94 победи на премиерлигашки натпревари откако прв примил гол, што е најмногу од сите други тимови во историјата на лигата.

Победата на гостувањето во Лондон значеше дека Манчестер Јунајтед 17 пат по ред нема загубено на гостински терен со што го израмни ваквиот скор со тимот кој во 1998/99 освои триплета под водство на Сер Алекс Фергусон.

Освен ова остварување, Манчестер Јунајтед прокнижа уште неколку одлични остварувања на вчерашниот натпревар. Имено, „ѓаволите“ имаат седум победи во Премиер лигата оваа сезона откако први примиле гол, само Њукасл од сезоната 2001/02 кога победил десет пати и Манчестер Јунајтед од сезоната 2012/13 имале повеќе победи во една сезона, а први да примиле гол.

Оваа година Јунајтед има освоено 21 поен откако прв примил гол, дури 11 повеќе од вториот тим по број на освоени бодови откако прво примил гол (Ливерпул, 10 бода).



Спонзорирани линкови

Маркетинг