Лејди Гага ја отпеа химната на инаугурацијата на Џо Бајден - социјалните мрежи 'горат' поради нејзината изведба

Точка

20/01/2021

19:45

9.456

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага ја отпеа американската химна на инаугурацијата на Џо Бајден, 46-от претседател на САД.

Реакциите на нејзината изведба веќе ги преплавија социјалните мрежи.

„Не сум Американец, но се наежив од нејзината изведба“, „Се расплакав од нејзината изведба“, вели Твитер екипата.

После изведбата на Лејди Гага на химната, Џенифер Лопез ја испеала „This Land is Your Land“.

„Голема чест е да се приклучам на инаугурацијата на Бајден на 20-ти јануари, каде што ќе ј пеам националната химна и ќе ја прославам историската инаугурација на Џо Бајден и Камала Харис“, напиша Гага на својот Твитер профил откако дознала дека токму таа ќе ја испее химната.

Гага последен пат ја изведувала американската химна пред пет години во рамки на „Супер Боул“.

На инаугурацијата од музичарите учествувале и Џастин Тимберлејк, Џон Бон Џови, Деми Ловато и Ент Клемонс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг