Возрасните често сакаат да се шегуваат со децата, со цел малку да се забавуваат, а некои шеги дури се и поучни.
Едно видео на социјалните мрежи од пред неколку години повторно стана вирално.
Имено, целото семејство учествувало во измамата, а видеото е прегледано 45 милиони пати. Веројатно и вие некогаш сте се пошегувале со децата дека сте ги направиле невидливи.
Меѓутоа, никој не можел да претпостави дека ова девојче бурно ќе реагира и навистина ќе поверува во моќта на родителите. Додека на сите има било забавно, неа не ѝ било баш до смеа.