Хали Бери изненади со одговорот на коментарот дека е лоша во кревет

Кармин

27/11/2020

10:44

5.378

Големина на фонт

а а а

Актерката Хали Бери одговорила на негативните коментари на Лисареј Мекои поврзани за нејзиниот сексуален живот.

За време на емисијата „Fox Soul’s Cocktails With Queens“, Мекој и нејзините ководители Клаудија Џордан, Вивица А. Фокс и Силена Џонсон прво разговараа за тоа дали Тони Браксон е добра во кревет.

„Тони Браксон имала некои добри момци“, рекла Џордан, имплицирајќи дека мора да е добра во кревет. Мекој тогаш одговорила: „Не знаеме што прави во спалната соба. Би можела да биде како Хали Бери“.

Кога Џордан ја замолила Лисареј да појасни дали инсистирала на тоа дека Хали е лоша во кревет, таа рекла: „Така велат. Го имам прочитано и слушнато тоа“.

На Хали не ѝ требало долго да одговори на овој коментар.

„Прашај го мојот човек Ван Хунт, тој ќе ти каже сè што треба да знаеш“, напишала Бери на Твитер со емотикон кој плаче од смеа.

Хунт не се огласил, а Мекони не одговорила на објавата.

Сексуалниот живот на Бери во последно време е актуелна тема, а неодамна признала дека првиот оргазам го доживеала на 11 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk