Насловна страница која го крена светот на нозе: Полското издание на списанието Вог ѝ се спротивстави на политичката одлука

Кармин

27/11/2020

10:34

2.916

Големина на фонт

а а а

Полското издание на списанието Вог им оддаде почит на жените кои се борат за повлекување на конзервативниот закон за абортус.

На насловната страница, манекенката Ања Рубик позирала гола, покриена со силноцрвена ткаенина. 

Ања на лицето има насликана црвена молња, симбол на протестот на жените против законот кој забранува абортус во речиси сите случаи. По бесот на јавноста, усвојувањето на контроверзниот закон е одложено.

Сега и полското издание на познатото списание отворено зазеде став против пресудата во својот најнов број, на коe се истакнати зборовите „моќта на жените“.

„Се што се однесува на Полјаците, се однесува и на нас. Тоа е случај уште од првото издание на полскиот Вог и секогаш ќе биде така“, се наведува во изјавата од редакцијата.

Рубик ја објавила насловната страница на сопствениот Инстаграм профил, нарекувајќи ја „една од најважните и најлични насловни страници и портрети во кариерата“.

„Правото на жените да избираат е лакмусов тест за здраво, прогресивно општество. Овој момент ќе влијае на полското општество во наредните децении. Државата ги ограничува жените со целосна забрана на абортусот и ограничување на нивните репродуктивни права. Репродуктивните права се човекови права, ја гарантираат слободата на одлучување во нашиот живот, нашите тела, нашето здравје и нашата судбина“, напишала манекенката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk