„Задоволство ми е тоа што имам што да јадам, каде да преспијам...“: Искрените зборови на Маја Оџаклиевска ќе го допрат и најтврдото срце

Кармин

23/11/2020

15:40

3.224

Големина на фонт

а а а

Пејачката Маја Оџаклиевска смета дека луѓето со преголеми амбиции се длабоко несреќни и затоа таа е благодарна за тоа што има кров над глава, што да јаде и што има што да облече, и секако љубовта од своето семејство.

Маја вели дека во текот на пензионерските денови секој слободен момент го посветува на својот внук Лука, а открила и дека спокој ѝ донела и финансиската ситуација во која што моментално се наоѓа.

„Луѓето со преголеми амбиции се несреќни. Многумина имаат империи, но тоа ништо не значи. Материјалното е ништо. Немам голем дом со базен, 35 години живеам во мал стан и задоволна сум со тоа. Не станува збор за скромност, туку во сфаќање на ситуацијата и сопствените потреби.


Мене ми е задоволство да имам кров над глава, што да јадам, каде да преспијам и што да облечам. Тоа не мора да бидат брендирани парчиња облека или пак мебел во барок стил. Доколку сфатите дека филозофијата на животот е да живеете мирно и убаво, тогаш нема поради што да се каете. Не треба да имате болни амбиции. Скромноста не е доблест, но не треба да бидете ниту преамбициозни. Како да го постигнете сопственото задоволство? Така што ќе ја сфатите севкупната ситуација“, раскажала Маја, па додала:

„Треба добро да ги распоредите парите, тоа е целта. Никогаш не сум позајмувала пари. Мајка ми еднаш ми кажа: „Пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата, доколку е кратка свиткај ги нозете, доколку е долга тогаш испружи ги“. Не сум сакала никогаш да бидам должна. Не секогаш заработував многу пари, но добро ги распоредував. На луѓето никогаш не им се доволни парите, колку и да имаат тие измислуваат нови потреби“, заклучила Маја. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk