Најзгодниот дедо на светот и неговата двојно помлада девојка добија ќерка

Кармин

28/10/2020

21:57

10.649

Големина на фонт

а а а

53-годишиот Џанлука Ваки кој важи за најзгоден дедо на светот, открил дека неговата двојно помлада девојка, 25-годишната манекенка Шерон Фонсека, родила девојче.

Италијанскиот плејбој во вторникот открил на Инстаграм дека станал татко, а девојчето го нарекле – Блу Ерусалема Ваки. 

„Таа е тука со нас. Шерон и јас сме среќни што можеме да ве известиме дека утрово се роди нашата ќерка – Блу Ерусалема Ваки. Му благодарам на Бога што е здрава и едноставно веќе ја сакаме повеќе од животот“, напишал милионерот.

Манекенката ја споделила истата фотографија на својот профил и напишала дека се благодарни и благословени.

„Нашата ќерка е тука и не можеме со зборови да го опишеме ова искуство и сите емоции кои ги чувствуваме“.

Само еден ден пред породувањето, Џанлука и Шерон објавија видео од болницата на кое заедно танцуваат за „да го мотивираат бебето конечно да излезе“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk