Венгер му одговори на Мурињо со одржана лекција: Не е во право, има погрешен поглед на работите

Дерби

19/10/2020

13:15

2.307

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо испрати зајадлива порака до Арсен Венгер, само неколку дена откако легендарниот Французин ја пушти во продажба својата нова книга, во која има опишано неколку случки и ситуации со најголемите ривали во кариерата.

Сепак, на англиската јавност огромно внимание и привлече тоа што Венгер ниту еднаш не го споменува Мурињо во своето дело, по што актуелниот менаџер на Тотенхем доби директно прашање на оваа тема на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Вест Хем.

Како и многупати досега, Жозе се огласи во свој провокативен стил, па иако значително ги поправија односите со Венгер во последните години, порача дека нормално е да не го спомене во неговата книга кога никогаш не го победил во кариерата.

– Навистина не ми смета неговата изјава. Тоа се константни и постојани провокации со него, верувајте, кога е во прашање Мурињо, се чувствувам како да сум во градинка со него.

– Тоа е дел од неговиот карактер, а воедно и не е во право. Го победив два пати, а имаше и многу реми средби. Тој има и погрешен поглед на работите. Мурињо не е оној кој победува, тука само учествува во победите. Не победуваме ние менаџерите, победува тимот, – одговори Венгер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг