Некогаш го освојуваше Вимблдон, а сега заработува од провокативните фотографии – неверојатна животна приказна на руската тенисерка

Кармин

16/10/2020

13:52

4.929

Големина на фонт

а а а

Русија отсекогаш имала успешни тенисерки, но ниту една не ветувала многу како што тоа било случај со Софија Жук.

Жук се прославила во 2015-та година кога во конкуренција на играчи до 18 години го освоила Вимблдон иако тогаш имала само 15 години и големи болки во грбот.

Таа без загубен сет успеала да го освои јуниорскиот дел од најпрестижниот турнир во светот.


Тоа не успеале да го направат дури ни Марија Шарапова, петкратната гренд слем шампионка и Ана Курникова, двократниот освојувач на Австралијан опен.

Иако болките во грбот биле неподносливи, во 2019-та година по поразот на стартот на Вимблод и заработени 400 илјади долари, таа одлучила да се повлече од тенисот.


„Дури и пред моето јуниорско шампионско претставување на Вимблдон, грбот ми беше во толку многу лоша состојба што ниту еден доктор не сакаше да ми помогне. Моето тело не впиваше добро протеини, па прешлените ми беа речиси надвор од вообичаеното место. Одев на магнетна резонанца која што покажа дека мојот грб е како на 50-годишна жена“ - изјавила тенисерката.


Тогаш започнала нејзината кариера како фото-модел.

Сега таа се фотографира и снима видеа во бикини и од тоа заработува, а руските љубители на тенисот имаат само една молба до неа по провокативните снимки: „Врати му се на тенисот!“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk