Луѓето се шегуваат со старата фотографија од сестрите Кардашијан која ја објави Ким: „Што им направи на своите сестри?“

Точка

25/09/2020

20:55

5.335

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан ги изненади своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм, објавувајќи стара фотографија со своите сестри.

„Бебиња“, напишала таа покрај фотографијата на која што Клои, Кендал и Кајли се тинејџерки.

Објавата веднаш предизвикала мноштво коментари, бидејќи сестрите многу ретко објавуваат фотографии од нивното минато, поради тоа што многу често се пишува и за нивните пластични операции кои што ги направиле на своите тела.

„Ким, ти си виновна за ова“, „Па, ниту една од вас не изгледа исто“, „Зошто си им го направила тоа на твоите сестри?“, „Кои се овие луѓе?“, „Не препознавам ниту една од вас“, „Аха, тоа се вашите оригинални лица“, „Што е ова?“, „Зошто си го направила тоа Клои?“, се само дел од коментарите на фотографијата која што за само половина час успеала да добие половина милион лајкови.

Инаку, сестрите неодамна најавија дека нивното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ ќе згасне по 20-та сезона и 14 години снимање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг