Нежно, романтично и удобно – вака изгледа моќен и женствен стил по вкусот на Кејт Мидлтон

Кармин

24/09/2020

14:00

2.282

Големина на фонт

а а а

Војвотката од Кембриџ ретко се појавува во панталони, но секојпат ги инспирира девојките ширум светот со своите стајлинзи.

Многумина од модните критичари се согласни, дека за ваква прилика војвотката не можела да се облече поубаво.

По низата интересни фустани, војвотката од Кембриџ нè потсети дека токму таа можеби најдобро изгледа кога ќе облече нешто полежерно и кога ќе прошета во јавноста во удобни панталони.


Сопругата на принцот Вилијам била во лондонскиот парк Батерси со родителите со кои што разговарала за важноста на програмата за поддршката која што ја даваат - токму за родителите.

Ваквата иницијатива се покажала како важна и ефикасна уште од почетокот на пандемијата коронавирус, па токму поради тоа Кејт ја истакнала нивната важност и поминала возбудлив и забавен ден со семејствата кои што се вклучени во таа пограма.

Некои од членовите на организацијата и иницијативата со себе ги повеле и своите деца, па војвотката исто така уживала и во играњето со нив, во смеата со најмладите и изгледала многу задоволно.


Британската принцеза на себе носела панталони кои што се дел од женското одело на модната куќа „Marks&Spancer“, а ги комбинирала со обична бела маичка со потпис на „Ralf Loren“, која ја красат кратки ракави, на стапалата носела патики од брендот „Superga“ во бела боја.

На цела таа комбинација додала суптилен накит: тенок златен ѓердан и ситни обетки, и секако, вереничкиот прстен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk